ЗОИ: Хектор го освои златото во велеслалом, Шифрин се „сопна“ уште при првото возење

Швеѓанката Сара Хектор триумфираше во велеслаломската трка на Олимписките игри во Пекинг. Шампионката од Пјонгјанг, Микаела Шифрин остана без медал и пласман, бидејќи падна при првото возење. Сара славеше со вкупен резултат од 1:55,69.

Хектор беше одлична во првото возење во кое имаше најдобар резултат. Во второто имаше послабо време, но успеа да ја задржи лидерската позиција и да го освои златото. Швеѓанката го освои првиот медал во поединечна конкуренција на големите натпреварувања во сениорска конкуренција. Таа претходно освои сребрени и два бронзени медали на светските првенства во екипна конкуренција.

Среброто го освои Италијанката Федерико Брињоне, која имаше вкупно време 1:55.97. Таа направи чекор напред во однос на Игрите во Пјонгчанг, кога беше бронзена во истата дисциплина. На подиумот се најде и Швајцарката Лара Гут Бехрами. Светскиот шампион од 2021 година во велеслалом имаше време од 1:56,41.

 

 

 

Се вчитува...