Италијанката Аријана Фонтана на 500 метри и Кинезот Рен Зивеи на 1.000 метри освоија златни медали во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Во финалето на 500 метри за жени доминираше Италијанката Фонтана, која до златниот медал стигна со време од 42.488. За Аријана ова е десетти олимписки медал во кариерата. Таа сега е изедначена со Стефанија Белмондо – тие две се Италијанките со најмногу олимписки медали во историјата.
Холанѓанката Сузана Шултинг до сребрениот медал стигна со време од 42.559, додека третото место и припадна на Канаѓанката Ким Бутун, која трката ја заврши со време од 42.724.
History! 👏
Arianna Fontana wins #Gold in #ShortTrackSkating – Women’s 500m, her 10th Olympic medal to tie Stefania Belmondo as the most decorated Italian female Olympian in history!#Beijing2022 | #StrongerTogether | @ItaliaTeam_It | @AryFonta
— Olympics (@Olympics) February 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА