Кошаркарите на Феникс Санс стигнаа до триумф на гостувањето кај Чикаго Булс од 124-127 во натпреварот меѓу двата тима со најдобар скор во Западната и во Источната конференција во НБА лигата.
Девин Букер беше најголем виновник за победата на Санс, откако натпреварот го заврши со 38 поени. Одличен беше и Крис Пол кој уфрли 19 поени и 11 асистенции.
Голден Стејт без поголеми проблеми славеше над Оклахома Сити Тандер со 98-110. Стеф Кари беше на скок од трипл-дабл завршувајќи го мечот со (18 поени, 10 асистенции и 9 скока), додека Томпсон постигна 21 поен кај победникот. Кај поразените недовлни беа 26 поени на Лугенц Дорт.
Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Шарлот – Торонто 101-116, Вашингтон – Мајами 100-121 и Јута – Њујорк 113-104.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

