Ставре Јада го освои 86-тото место од 88 натпреварувачи кои денеска настапија на Зимските олимписки игри во квалификациите на крос-кантри, со што го заврши настапот на ЗОИ.
Јада квалификациите ги заврши со време од 1:34.8, што беше доволно за 86. место. Зад него беа само Ели Тавк од Либан и Андрес Кинтана од Колумбија.
Првите три места во квалификациите ги завршија Шанава од Франција со време 1:14.9, потоа Устјугов од Русија 1:16.9, а на третото место беше Клаебо од Норвешка со време од 1:16.7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА