Јоханес Хосфтот Клебо го одбрани тронот во спринт трката на 1.5 километар во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој до златниот медал стигна со време од 2:58.06 минути што беше за 26 стоти делови од секундата подобро од сребрениот Италијанец, Федерико Пелегрино. Со бронзата се закити Русинот, Александер Терентев.
Да напоменеме дека дел од квалификациите во машкиот спринт беше и нашиот нордиец Ставре Јада кој го освои 86. место од 88 натпреварувачи.
Кај дамите еден два победа остварија Швеѓанките. Јона Сандлинг на светската титула го надополни и олимпиското злато, откако до победата стигна со време од 3:09.68 минути. Сребрена беше нејзината сонародничка Маја Далквист која доцнеше 2.88 секунди за времето на победничката, додека бронзениот медал и припадна на Американката Џеси Дигинс со заостанување од 3.16 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА