Аријан Адеми е миленик на навивачите на Динамо Загреб, пред се поради лојалноста што македонскиот репрезентативец ја покажа во бројни ситуации кога клубови ширум Европа го бараа во своите редови, но тој ги одби сите мултимилионски понуди за да остане на „Максимир“.
Затоа, не е изненадување што фановите на Динамо направија исклучок, посветувајќи му на нашиот интернационалец графит во Загреб уште додека активно ги брани боите на овој клуб.
„Никогаш не е пракса да се цртаат активни играчи додека играат за некој клуб, но капитенот Аријан Адеми заслужи вакво нешто, бидејќи секогаш дава се од себе, за клубот и за навивачите. Тој дефинитивно спаѓа во одбраното друштво на играчи кои оставиле силен траг во клупската историја“, напиша авторот на овој графит од Адеми.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА