Играчот на Челси, Хаким Зијеш се реши да го прекине молкот откако беше отпишан од мароканскиот селектор Вахид Халилхоџиќ за настапот на Африканскиот Куп на Нации. Тренерот од БИХ се реши да не го повика, откако двајцата влегоа во „војна“ во септември минатата година, затоа што наводно Зијеш не сакал да настапи на пријателскиот меч со Гана.
После тоа не се најде меѓу патниците за Африканскиот куп на Нации, а после елиминацијата во 1/4 финалето во АКН, Халилхоџиќ повторно коментираше за Зијеш, и кажа: „нема да молам никого да игра за репрезентацијата, па макар станувало збор и за Меси“.
Неколку дена подоцна, Зијеш му одговори и повлече радикален потез.
„Нема да се вратам во репрезентацијата, тоа е конечна одлука. Мене ми е јасно. Ќе се фокусирам на клубот. Нормално дека сум разочаран, но на крајот селекторот ги носи одлуките и морате ги почитувате. Нема да се враќам, ги разбирам навивачите и жал ми е“, рече Зијеш кој мароканскиот дрес го носеше на 40 меча, и постигна 17 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

