Шутерско шоу на Димчевски во „Јасмин“ – погледнете ги седумтте тројки против ФМП (ВИДЕО)

Четвртиот натпревар од 15. коло во Првата кошаркарска лига донесе шутерско шоу на Ивица Димчевски во „Јасмин“. Во победата на Еуро Никел, искусниот Македонец „распали“ од далечина погодувајќи 7 од 10 обиди за три поени.

Ивица Димчевски натпреварот го заврши со 26 поени на кои додаде и 7 скока, а Еуро Никел ја запиша втората победа во низа со која се искачи на петата позиција на табелата со учинок од осум победи и седум порази.

Се вчитува...