Нов шок за најдобрата скијачка – Шифрин не ја заврши ниту слаломската трка на ЗОИ

Најдобрата алпска скијачка во светот по неуспехот во велеслаломската трка на ЗОИ во Пекинг, шокатно испадна и во првата трка во слаломот која на програмата беше рано утринава.

Таа не успеа да ја заврши првата трка и со тоа остана без медал во својата најдобра дисциплина во која освои злато во Сочи 2014, а веќе скоро осум години доминира и во светскиот куп.

Тоа значи дека шансата за медал Шифрин ќе ја бара уште во суперкомбинацијата и супервелеслаломот, додека во спуст трката нема да настапи на овие игри.

По првата трка лидер е Германката, Лена Дир, пред Швајцарката Мишел Жизин и Сара Хектор од Шведска. Најдобро не помина ниту најголемата ривалка на Шифрин, актуелната победничка во светскиот куп, Словачката, Петра Влхова која по првата трка е на осмата позиција со заостанување од 72 стотинки зад времето на победничката.

Се вчитува...