Неверојатната Влхова – Од осмо место до злато во слаломот на ЗОИ во Пекинг

Петра Влхова на неверојатен начин стигна до првиот златен медал на Зимските олимписки игри во кариерата откако триумфираше на слаломската трка во Пекинг.

Словачката по првата трка беше дури на осмото место со заостанување од 72 стотинки зад водечката Лена Дир од Германија. Сепак, со неверојатна втора трка на крајот во целта влезе со вкупно време од 1:44.98 минута што беше доволно за златен медал.

Среброто и припадна на актуелната светска шампионка Катарина Линсбергер која доцнеше само осум стотинки зад времето на победничката, додека со бронзата се закити Венди Холденер од Швајцарија со засотанување од 12 стоти делови од секундата.

Микаела Шифрин како и во велеслаломот, така и денеска не ја заврши првата трка, додека златната од велеслаломската трка, Сара Хектор прескокна капија и не успеа да ја заврши втората трка.

Се вчитува...