Поранешна УФЦ ѕвезда кон Зума: Дојди удри ме мене кучкин сине

Снимката на која се гледа како Курт Зума ја злоставува својата мачка во присуство на мало дете предизвика лавина на реакции во јавноста. Многумина го осудија потегот на Французинот како и неговиот клуб Вест Хем, а имаше и такви кои му се заканија.

Еден од овие вторите беше и поранешната УФЦ ѕвезда, Јан Блахович кој му порача на поранешниот освојувач на Лигата на Шампионите да најде некој „од негова големина“.

„Ако си толку силен кучкин син дојди и пробај удри ме мене. Гомно од човек. Нема толеранција за насилство спрема животните“, напиша Полјакот.

Случајот нема дополнително да го истражува полицијата, меѓутоа Курт Зума ќе снесе одговорност пред самиот клуб.

Се вчитува...