Јованка Радичевиќ кариерата ќе ја продолжи во словенечки Крим

Поранешната Вардарка и црногорска репрезентативка, Јованка Радичевиќ професионалната кариера ќе ја продолжи во словенечкиот Крим. Таа на крајот на сезоната по само една година ќе го напушти турскиот Кастаманоу и ќе се пресели во словенечкиот тим.

Радичевиќ веста за нејзината преселба во Словенија ја соопшти на нејзиниот твитер профил.

„Официјално. Многу сум среќна што можам да го споделам со вас мојот следен чекор во кариерата. Следната сезона ќе настапувам со гордост во Крим. Годинава ќе продолжам напорно да работам со моите девојки во Кастаманоу како би завршиле успешна сезона“, напиша Радичевиќ.

Радичевиќ од 2013 до 2018 година го носеше дресот на скопски ЖРК Вардар, а во кариерата беше дел од Будуќност на два пати, унгарски Ѓер и романски ЧСМ Букурешт.

 

Се вчитува...