Ридигер е прескап дури и за „Баварците“

По заминувањето на Никлас Зиле во Борусија Дортмунд, Баерн е во интензивна потрага на стопер. Во намерата да се добие квалитетен дефанзивец, „Баварците“ се свртеа кон Антонио Ридигер. Германецот од лето е слободен агент, и може да оди каде сака, но преговорите не течат по посакуваната цел, со оглед дека тој бара премногу пари.

Едноставно Ридигер бара поголема плата од Зиле, и затоа тоа го оддалечува од трансфер во таборот на „Баварците“. Сега фаворити за неговиот потпис се вечните шпански ривали, Реал Мадрид и Барселона.

Баерн Минхен ќе проба и со ангажман на Кристенсен од Челси, кој исто така е на излезна врата од лондонскиот тим. Опција е и Нико Шлотербек од Фрајбург.

Се вчитува...