Фудбалерот од средниот ред Драган Стојков е нов играч на Тиквеш потврдија од кавадаречкиот клуб. Стојков во Кавадарци доаѓа како слободен фудбалер, а до крајот на есенскиот дел од сезоната беше дел од Работнички тим во кој дојде во 2019 година.
Промоцијата на Стојков во Тиквеш ќе се случи утре, а од клубот најавуват дека до крајот на преодниот рок ќе следат уште неколку засилувања.
„Играчот за врска Драган Стојков е нов играч на Тиквеш кој ни доаѓа од редовите на Фк Работнички од Скопје. Стојков кој е и некогашен репрезентативец на Македонија со своето домашно и интернационално искуство ќе биде големо засилување за нашиот клуб во пролетната полусезона од Првата Македонска фудбалска лига. Неговата официјална промоција во дресот на Тиквеш ќе следи во текот на утрешниот ден. До крајот на преодниот рок ќе следат уште неколку звучни имиња во нашиот клуб“, стои во соопштението од клубот.
Тиквеш есенскиот дел од сезоната го почнува со гостувањеа против Македонија Ѓорче Петров кој на програмата е во недела во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

