Алпска скијачка прв позитивен допинг случај на ЗОИ во Пекинг

Иранската алпска скијачка, Савех Шемшаки е првата допинг позитивна спортистка на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тестот на 36-годишната Ирачанка бил позитивен на анаболичен стероид.

Ова требаше да бидат трети ЗОИ за Шемшаки, откако претходно настапи во слалом и велеслалом пред 12 години во Ванкувер и пред осум години во Сочи. Најдобриот резултат го имаше во Сочи каде заврши како 31. во слаломската трка.

 

Се вчитува...