На Бетис му беше потребен Вајли за да почне да победува

Џејкоб Вајли се покажува како клучната алка на Реал Бетис во борбата за опстанок во шпанската АЦБ лига. И на вториот натпревар откако е македонскиот репрезентативец член на клубот од Андалузија тој стигна и до втората победа.

Овојпат избраниците на Касимиро славеа над Фуенлабрада со убедливи 99-83. Домаќините одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 25-16. До полувремето ја задржаа оваа предност и на пауза заминаа со позитива од 46-38.

Во вториот дел само ја зголемија предноста за конечни 99-83. Џејкоб Вајли натпреварот го заврши со 15 поени, три скока и една асистенција, додека најефикасен во победничкиот табор беше Еванс со 23 поени. Кај поразените Читам заврши со 17.

 

 

Се вчитува...