Урбан Лесјак од следната сезона ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер откако битолскиот тим ја официјализираше соработката со словенечкиот голман. 31-годишникот во Битола ќе пристигне од германскиот Хановер каде е дел од 2018 година по трансферот од Целје.
Искусниот голман е дел и од репрезентацијата на Словенија од 2012 година, а досега 58 пати го носеше дресот на „змајчеги“, притоа освојувајќи го бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА