Шкендија, Шкупи и Струга ТЛ со најмногу средства од АСМ преку ваучер-системот, второлигашите Вардар и Силекс добија 120.000 евра

Агенцијата за млади и спорт ја објави и листата на фудбалските клубови со распределба на ваучерите како дел од државната помош за поддршка на спортските колективи.

Согласно, резултатите од минатата година, на врвот на листата е Шкендија со државна помош од 10.850.000 денари, или околу 175.000 евра.

Веднаш зад Шкендија се Шкупи и Струга ТЛ со по околу 160.000 евра државна помош, а на врвот на листата се и второлигашите Вардар и Силекс кои добија по околу 120.000 евра, пред прволигашите како Македонија ЃП, Академија Пандев, Работнички…

Како што е познато, и оваа година ваучер од Агенцијата за млади и спорт не добива Фудбалската федерација на Македонија.

 

Се вчитува...