Охрид и Пролет ќе излезат вечерва (18 часот) на мегдан во клучната битка за освојување на шестото место на суперлигашката табела, кое носи и влез во плејофот.
Гостите ја надминаа кризата од финишот на 2021 година, под водство на тренерот Лембанов играат на едно повисоко ниво, но јасно е дека против Охрид ќе мора да бидат на висина на задачата од почеток до крај ако сакаат на крајот да се радуваат на бодовите.
„Пред нас е најважниот натпревар сезонава, бодовите се исклучително важни и за нас и за Охрид, па нема сомнеж дека претстои жестока битка за победа. Очекувам беспоштедна борба на сите делови од теренот, не се сомневам дека ќе дадеме се од себе за стигнеме до посакуваниот резултат. Решавачки ќе биде која од двете екипи ќе биде поприсебна, пофокусирана во клучните моменти. Грешките мора да се сведат на минимум, еден од главните квалитети на Охрид е одличната транзиција од одбрана во напад, тие постигнуваат многу голови од вакви ситуации, ќе мораме да бидеме дисциплинирани во нападот и да се враќаме брзо по секој напад“, истакна Лембанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА