Руската штафета во 4×5 километри во женска конкуренција во крос-кантри го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Русинките во состав Јулија Ступак, Наталија Непријаева, Татјана Сорина и Вероника Степанова до победата стигнаа со вкупно време од 53:41.0 минути. Најважна за победата на Русинките, беше неверојатна Степанова која во последната измена искија неверојатно и успеа да ги совлада Германките, кои на крајот помалку и изненадувачки стигнаа до сребрениот медал.
Во фото-финиш Шведска стигна до бронзениот медал, додека едни од најголемите фаворитки Финска и Норвешка на крајот останаа без медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА