Јоханес Тингнес Бо стигна и до третиот медал, а втор златен на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Норвежанецот беше најдобар на спринт трката на 10 километри. Само еднаш промаши на стрелиштето што беше и повеќе од доволно за победа со време од 24:00.4 минути.
Сререниот медал му припадна на златниот од индивидуалната трка на 20 километри, Французинот Квентан Фијо Маје кој исто така со едно промашување заостануваше 25.5 секунди зад времето на победникот. Со бронзениот медал се закити вториот брат Бо, Тарјеи кој доцнеше 38.9 секунди зад помладиот брат.
Времињата од денешната трка ќе бидат пренесени во утрешната потера.
Медали беа доделени и на трката на 500 метри во брзо лизгање. До најсјајното одличје стигна домашниот лизгач, Тингју Гао кој делницата од половина километар ја мина за време од 34.32 секунди што е нов олимписки рекорд. Среброто му припадна на Кореецот, Кију Мин Ча кој доцнеше 7 стотинки зад победничкото време, додека со бронза се закити Ватару Моришиге од Јапонија со заостанување од 17 стоти делови од секундата зад Гао.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА