Реал Мадрид мораше да се задоволи само со еден бод од гостувањето против Вилјареал откако „кралевите“ ремизираа 0-0 против „жолтата подморница“.
Од ваквиот исход можат да бидат задоволни и двата тима, Вилјареал беше подобар ривал во првото полувреме, но Реал ја консолидираше играта во вторите 45 минути. Воедно, „кралевите“ ја имаа и најубавата шанса на натпреварот, кога Лука Јовиќ во 93. минута излезе очи в очи со домашниот голман, се реши на лоб, но неговиот удар заврши само во гредата.
Реал останува на врвот на табелата по денешното реми, со четири бода повеќе во однос на второпласираната Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА