Моќна одмазда на Вардар против Еурофарм Пелистер2

Вардар со моќно издание го декласираше составот на Еурофарм Пелистер 2 со убедливи 32-20, резултат со кој „црвено-црните“ му се одмаздија на овој ривал за поразот во првиот круг од натпреварувањето, единствен на „вардарци“ во досегашниот дел од сезоната. Младите битолчани немаа сили да го повторат успехот од пред неколку месеци, а Вардар со максимално сериозен пристап сите дилеми ги разреши уште во првото полувреме.

По десетина минути игра резултатот гласеше 9-3 за Вардар, а „црвено-црните“ на одмор заминаа со убедливи 19-11. Второто полувреме беше само рутина во која „вардарци“ стигнаа и до двоцифрена позитива, за на крајот да слават со конечни „плус дванаесет“. Дибиров беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, по четири постигнаа Моралес и Оливие Нијокас, додека по четири погодоци за Еурофарм Пелистере 2 реализираа Петровиќ и Арсеновски.

Бутел во драматичен финиш го совлада тимот на Скопје со минимални 23-24. Гостите важеа за апсолутни фаворити, но на две минути до крајот Скопје беше тимот со минимално водство од 23-22. „Бутелци“ сепак ги освоија бодовите благодарение на погодоците на Давитковски и на Мајиќ, кој беше и најдобар поединец на мечот со девет постигнати гола.

Се вчитува...