Големото дерби на 25. коло на Калчо-лигата меѓу Наполи и Интер заврши без победник (1-1), исход со кој „нероаѕурите“ ја одржаа предноста од еден бод пред „наполитанците“, и тоа со еден одигран меч помалку за тимот на Симоне Инзаги.
Дербито почна извонредно за домашните фудбалери, кои добија пенал на самиот старт, што Лоренцо Инсиње рутински го претвори во водечки погодок. Елиф Елмас влезе во игра во 26. минута на местото на повредениот Политано, но неговиот тим не успеа да ја задржи предноста во вториот дел.
На самиот почеток од второто полувреме Интер успеа да израмни преку Един Џеко, кој се најде на вистинското место и го совлада Оспина казнувајќи ја збунетоста на домашните дефанзивци. Двата тима се обидоа да сторат нешто повеќе за да стигнат до цел плен, но на крајот овој дуел заврши без победник, 1-1.
GOAL Džeko pic.twitter.com/QQ4yUGBn0Q
— Goal (@Goal33254165) February 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА