Манчестер Јунајтед се наоѓа во голема резултатска криза, а една од главните причини сигурно е слабата голгетерска форма на КРистијано Роналдо.
Денешната „нула“ на Португалецот беше шести меч во низа на кој Кристијано нема постигнато погодок, негов најдолго голгетерски пост во последните 13 години. Уште попоразително делува фактот дека во 2022 година Роналдо нема ниту гол ниту асистенција во дресот на Јунајтед, па јасно е зошто „ѓаволите“ не можат да победат ривали што се далеку послаби од нив.
Тој и денеска имаше стопроцентна шанса, го мина и голманот, но не успеа да ја затресе мрежата бидејќи ударот беше запрен пред самата гол линија од еден од гостинските дефанзивци.
Незадоволството кај Кристијано е очигледно со гестикулациите во текот на натпреварите, се шпекулира и дека веќе побарал трансфер на крајот од сезонава, па како што одминува времето се појасно станува дека „камбекот од соништата“ на „Олд Трафорд“ ќе се покаже како погрешен потег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

