Французинот Квентан Фијо Маје стигна до четвртиот медал и до вториот златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. По победата во индивудалната трка на 20 километри, тој денеска триумфираше и во потерата.
Делницата од 12.5 километри Французинот ја помина за време од 39:07.5 минути со погодени сите 20 мети на стрелиштето. Сребрениот медал му припадна на Тарјеи Бо од Норвешка кој доцнеше 28.6 секунди зад времето на победникот. Со бронзата се закити Русинот, Едуард Латипов со 35.3 секунди заостанување.
Златниот од спринт трката Јоханес Тингнес Бо имаше катастрофален настап со дури седум пати промашување на стрелиштето што на крајот му го донесе само петото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА