Њукасл уште повеќе си ги зголеми шансите за опстанок во Премиер-лигата откако „црно-белите“ славеа над Астон Вила со 1-0, трет премиерлигашки триумф во низа.
Киран Трипие пристигна од Атлетико Мадрид како засилување за одбраната, но десниот бек се покажува и како извонредно офанзивно оружје откако втор меч по ред постигнува погодок од слободен удар. Тој биеше прецизно уште во првото полувреме, по што домашниот тим го издржа притисокот на Вила во вторите 45 минути и стигна до огромни бодови.
Њукасл сега има 21 бод и се наоѓа на 17. позиција на табелата, со четири бода предност и меч помалку во однос на Норвич, кој е на 18. место кое води во Чемпионшип-дивизијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

