Леванте е уште еден чекор поблиску до испаѓање од Примера дивизион откако тимот на Енис Барди загуби уште еден натпревар на домашен терен, овојпат од Бетис со убедливи 2-4.
Пресудно беше првото полувремево кое гостинските фудбалери поведоа со 0-3. Дани Гомез даде два гола на крајот од првото и почетокот од второто полувреме, но Фекир со својот втор гол на мечот стави печат на победата на Бетис. Енис Барди влезе во игра во 67. минута на местото на двојниот стрелец Гомез, но се вклопи во сивилото на Леванте кое трае од стартот на оваа сезона.
Леванте останува убедливо последен на табелата во Ла Лига со само 11 бода, дури дванаесет бода помалку од Мајорка, која се наоѓа во „сигурната зона“ на 17. позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

