Акраповиќ: Можевме да дадеме и осум гола, задоволен сум и со три

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Бруно Акраповиќ, не го криеше задоволството по изданието на својот тим во победата од 3-1 над Струга Трим Љум.

Тетовци делуваа моќно во првиот меч од 2022 година, надигрувајќи го целосно директниот ривал за висок пласман, а Акраповиќ може да жали единствено што неговиот тим не постигна повеќе погодоци.

„Задоволен сум бидејќи одигравме добар натпревар иако теренот беше тежок. Создадовме бројни стопроцентни шанси, можевме да дадеме и осум гола, но задоволен сум и со три. Истото им го кажав и на моите играчи, конечниот резултат е 3-1, но лесно можеше оваа средба да ја добиеме со 8-0. Сепак, со оглед на околностите, фактот дека е прв меч и теренот беше тежок за игра, мора да бидеме задоволни. Знам дека навивачите се среќни поради она што го видоа од Шкендија, а кога тие се среќни, истото важи и за нас“, изјави Акраповиќ.

Се вчитува...