Трагедија во Шпанија: Навивач загина откако рефлектор падна среде натпревар (ВИДЕО)

Трагедија се случи на натпревар од шпанската трета лига меѓу екипите на Лененсе и Леалтад.

За време на дуелот меѓу двете екипи се сруши рефлектор на стадион паѓајќи на една од трибините по што животот го загуби еден навивач.

Како што информираат шпанските медиуми, рефлекторот паднал поради силниот ветер и го усмртил 66-годишниот Хозе Мануел Суарез. Повреден се најмалку уште две лица од кои едниот е во животозагрозувачка состојба.

Се вчитува...