Американците „бесни“ за случајот со русинката Валиева: „ЦАС“ треба да го заштити интегритетот на спортот!

Извршната директорка на Олимпискиот комитет на Соединетите Американски Држави, Сара Хиршланд, излезе со соопштение во кое изјави дека е разочарана од одлуката на Судот за спортска арбитража да и дозволи на руската лизгачка Камила Валиева да продолжи да се натпреварува во Пекинг.

Судот за спортска арбитража одлучи да не изрече привремена суспензија на 15-годишно девојче кое падна на допинг тест. Судскиот совет објави дека спречувањето на младата лизгачка да се натпреварува ќе и нанесе „ненадоместлива штета“.

„Разочарани сме од ЦАС и пораката што ја испраќа по оваа одлука. Колективна одговорност на целата олимписка заедница е да го заштити интегритетот на спортот и да бара спортистите, тренерите и сите вклучени да бидат на највисоко ниво. Спортистите имаат право да знаат како да се натпреваруваат под еднакви услови. За жал, денес им го ускратуваат тоа право. Се чини дека ова е уште едно поглавје во системското занемарување на ‘чистиот’ спорт од страна на Русија. Знаеме дека овој случај сè уште не е затворен и ги повикуваме сите во олимпиското движење да продолжат да се борат за рамноправност во спортот“, стои во соопштението.

Валиева претходно му помогна на рускиот тим да го освои златото во екипна конкуренција, бидејќи стана првата натпреварувачка што направи четвороскок на Игрите. Веќе во вторник Сара ја очекува настап во поединечна конкуренција каде е фаворит за освојвуање на најсветлиот медал.

 

 

 

 

Се вчитува...