Аталанта пропушти голема шанса да се приклучи кон борбата за титулата во Серија А, откако во вчерашниот натпревар против Јувентус во судиското продолжение пропушти да освои три бода.
Тимот од Бергамо имаше предност од 1-0 се до 91. минута, кога Данило ги постави конечните 1-1. Еден играч на Аталанта на вчерашниот меч успеа да направи нешто, што не му успеало на ниту еден друг фудбалер во Серија А. Жереми Бога стана првиот фудбалер кој на „100“ меча во италијанскиот шампионат не добил ниту еден жолт картон, од сезоната 1994/1995 година.
0 – Jérémie Boga is the first outfield player to have not received a single yellow card in his first 100 Serie A appearances in the three points for a win era (since 1994/1995). Gloves.#AtalantaJuve pic.twitter.com/OifMBZpaEx
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) February 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА