Мак-ракомет атракции: „Механичните“ Дибиров и Кипријановска (ВИДЕО)

Изминатиот викенд на терените во Македонија беа одиграни 20. коло од машка Суперлига и првиот натпревар од втората фаза во разигрувањето за титула во женската конкуренција. Средбите ги одбележаа атрактивни потези, а дел од нив ни доаѓаат од СЦ „Јане Сандански“ и салата „Перо Наков“.

Во Аеродром актуелниот шампион Вардар успеа да му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2 за поразот во Битола со убедлива победа во која „царуваше“ Тимур Дибиров. Русинот натпреварот го заврши со седум гола, а оној од крајот на првото полувреме беше едноставно неодбранилив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Во „Перо Наков“ Куманово и Метларуг ремизираа со 23-23, а голот на натпреварот и припадна на Јована Кипријановска која невозможната ситуација за „сино-белите“ ја претвори во атрактивен гол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...