Баерн Минхен има намера да го продолжи договорот со германскиот голман Мануел Нојер и напаѓачот Томас Милер, објави на својот Твитер профил познатиот инсајдер Николо Скира.
Според негови извори, германскиот клуб веќе почнал преговори за продолжување на договорите на играчите во наредните недели. Нојер е во Баерн од 2011 година. Вкупно, во Бундеслигата голманот настапи на 458 натпревари, на кои прими 376 гола и имаше 211 натпревари на кои не прими гол. Актуелниот договор на Нојер со Баерн е до 2023 година.
Томас Милер е во Баерн од 2007 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Како дел од клубот од Минхен, Милер беше шампион на Германија, освојувач на Купот и Суперкупот, како и освојувач на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА