Дефанзивецот на Јувентус, Матијас Де Лихт може да ја промени клупската средина во летниот преоден рок. За 22-годишниот Холанѓанец главни кандидати ќе бидат лондонски Челси и каталонскиот тим Барселона.
Според „Калчомеркато“, Јувентус ќе размислува за продажба на Де Лихт доколку не се договори со неговиот агент да го продолжи договорот. Актуелниот договор меѓу Матијс Де Лихт и Старата Дама е до 2024 година.
Барселона е подготвена да понуди 75 милиони евра за Де Лих, а Челси ќе се обиде да ја надмине оваа сума, бидејќи главниот тренер на „сините“ Томас Тухел има намера да ги засили одбранбените позиции на својот тим.
Де Лихт дојде во Јувентус во летото 2019 година, откако се пресели од Ајакс за 85,5 милиони евра. Оваа сезона, холандскиот дефанзивец постигна еден гол на 20 натпревари во италијанското првенство. Неговата трансферна цена во моментов се проценува на 65 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА