Репрезентацијата на Австрија стигна до златниот медал во екипна конкуренција со која се завршија настапите во ски-скокови на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Австријците во состав Крафт, Хубер Хорл и Фетнер стигнаа до најсјајното одличје откако по осум скока собраа вкупно 942.7 поени.
Со сребрениот медал се закитија Словенците Кос, Цене Превц, Зајц и Петар Превц кои доцнеа повеќе од осум поени зад златните Австријци. Бронзата им припадна на Германците (Шмид, Леје, Ајзенбихлер и Гајгер) кои за 0.8 поени беа подобри од четвртопласираните Норвежани.
Со тимското натпреварување завршија возбудувањата во ски-скокови на 24. Зимските олимписки игри, а како најуспешна нација во овој спорт завршиja Словенците со два златни медали пред Јапонија, Норвешка и Австрија кои освоија по едно најсјајно одличје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА