„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Билбао се „махери“ за автоголови

Фудбалерите на Атлетик Билбао ја прекинаа добрата серија која ја имаат од стартот на 2022 година откако во последниот меч од 24. коло во шпанската Ла лига загубија на гостувањето кај Мајорка со 3-2.

Клучниот момент се случи во 88. минута кога голманот на Баскијците, Унаи Симон си постигна автогол со кој на домаќините им донесе три бода.

Ова е првпат во 21. век голман на Билбао да постигне автогол, но е вкупно 32 автогол на клубот во историјата на шпанскиот шампионат. Повеќе автоголови од тимот од Баскија имаат постигнато само Еспањол (34) и Атлетико Мадрид (33).

 

 

Се вчитува...