Норвежанецот Јирген Грабак е освојувач на златниот медал во нордиска комбинација на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Грабак иако по скоковите беше на 12. место, повторно покажа дека е еден од најдобрите кога е во прашање крос-кантрито и со феноменален финиш стигна до златниот медал на 10 километарската трка.
Второто место му припадна на неговиот сонародник Јенс Лураас Офтебро кој доцнеше 0.4 секунди зад Грабак, додека со бронзата се закити легендарниот јапонски нордиец Акито Ватабе.
Јарл Магнус Рибер кој беше прв по ски-скоковите направи голема грешка успевајќи да ја промаши патеката, со што ја изгуби целата предност која пред стартот на трката изнесуваше 44 секунди и на крајот заврши на осмото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА