Салернитана повторно се реши за тренерска смена откако му беше врачен отказ на Стефано Колантуоно, кој не успеа да го разбуди тимот по слабиот старт на сезоната.
Главен фаворит за наследник на Колантуоно беше Андреа Пирло, но екс-тренерот на Јувентус извиси во оваа трка. Италијанските медиуми јавуваат дека главна причина било инсистирањето на Пирло на тригодишен договор, поради што челниците на Салернитана решиле да не го ангажираат него, по што експресно постигнале договор со Давиде Никола.
Поранешниот стратег на Удинезе, Џенова и Торино прифатил договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката вотекот на летото, по што експресно биле договорени и финансиските детали. Се очекува тој да го води и вечерашниот тренинг на Салернитана, а потоа своето деби на клупата на калчолигашот од Салерно да го има на домашниот дуел со лидерот на табелата, Милан, закажан за 19 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА