Делегација на Европската фудбалска унија (УЕФА) пристигна во Албанија за да го процени изборниот процес во тамошната фудбалска асоцијација поради политичко мешање во изборите. Тројца претставници на УЕФА пристигнаа во седиштето на Фудбалскиот сојуз со цел да соберат повеќе информации за изборите и неодамнешните инциденти предизвикани од флагрантната политичка интервенција, се вели во соопштението.
Изборите за нов претседател ќе се одржат на 2 март, а актуелниот претседател на ФСА, Арманд Дука, ќе се обиде да добие шести четиригодишен мандат, иако градските челници на Тирана го обвинија за корупција.
Претседателот на УЕФА Александар Чеферин се состана со премиерот на Албанија Еди Рама претходно овој месец, и по состанокот во Тирана рече дека се договорил со премиерот дека нема да има мешање на владата, дека фудбалот ќе одлучува за фудбалот и дека желбата на УЕФА ќе мора да се почитува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА