Смилковски пред куп-мечот со Пелистер: Можеме до изненадување против непоразениот тим

Престојниот викенд сите погледи во мак-баскетот ќе бидат насочени кон СРЦ „Кале“ каде ќе се одржи Купот на Македонија кој од претходната сезона го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур. Први од 12 часот в петок на сцената ќе настапат Пелистер и ТФТ, два клуба кои вчеравечер одиграа средби од домашното првенство, односно БИБЛ лигата.

Битолчани кои по 15 натпревари на домашната сцена не знаат за пораз па важат за едни од фаворитите за осовјување на трофејот, но Купот е такво натпреварување во кое се се одлучува во 40. минути, а тоа „зелено-белите“ добро го знаат од претходната година кога беа елиминирани во четвртфиналето. Поради тренинг делегација од битолскиот тим не присуствуваше на денешната официјална прес-конференција пред стартот на купот.

ТФТ беше клубот кој претходната сезона им го нанесе првиот пораз на битолчани во домашното првенство, а избраниците на Боро Смилковски повторно ќе се обидат да го изненадат Пелистер и за прв пат во својата историја да ја поминат првата елиминациска пречка.

„Голема чест за нас како млад клуб е втора година по ред да учествуваме во завршницата на Купот на Македонија. За противник ја имаме единствената непоразена екипа во Македонија, Пелистер. Условно играме на домашен терен и мислам дека системот на натпреварување, дозволува можност да се надеваме дека годинава ќе бидеме поуспешни од минатата и можеби ќе успееме да дојдеме до изненадување. Очекувам сите заедно да направиме еден празник на кошарката следниот викенд“, изјави Смилковски.

„Мал куриозитет е тоа што претходната сезона ние им го нанесовме првиот пораз на Пелистер во истата оваа сала. Така да можеби и оваа сезона ќе биде првиот пораз во Македонија од ТФТ. Претходната година ФМП ги изненади во првото коло од Купот па може и да се повтори историјата. Се надевам на тоа па доколку го минеме Пелситер лесно може да го видите ТФТ во финалето“, додава капитенот Нури.

Се вчитува...