Цветановски: Ќе се обидеме да го одбраниме Купот; Aшаданов: Секој кој е на овој Куп сака да го освои, ако не е така нека се откаже од спортот

Купот на Македонија кој од претходната сезона го носи називот Благоја Георгиевски – Буштур во чест на легендата на мак-баскетот се враќа во етерот престојниот викенд, а бранителот на трофејот Баскет КАМ во полуфиналето го очекува тежок натпревар против Вардар.

Тоа го знаат и од таборот на тимот од Македонска Каменица кои и покрај проблемите се решение да дадат се од себе за да го одбранат трофејот.

„Во претходниот период имаме многу проблеми со Ковид-19, како и повредени кошаркарки па се надевам дека девојките ќе дадат се од себе за да го одбраниме Купот. Оваа сезона е навистина квалитетна па затоа и завршницата од Купот ќе биде многу интересна и неизвесна“, вели тренерот Цветановски.

„Верувам дека сме подготвени и мотивирани за покажување на тоа што го знаеме најдобро. Сакаме да го одбраниме трофејот и да стигнеме до уште еден во нашата историја“, вели Поп Димитровска.

„Црвено-црните“ пак по неколку годишниот пост ќе се бидат да го вратат трофејот во своите витрини, а за тоа се подготвени да дадат се на теренот.

„Посакувам викендот да биде празник на кошарката. Се надевам ќе бидат доста неизвесни натпревари. Вардар учествува на сите завршни турнири. Не познавам претставник на клуб кој што би дошол на ваков турнир, а да не сака да го освои. Ако постои таков тој не треба да се наоѓа во спорот пред се. Куп натпреварите се драматични, доста неизвесни. Без разлика на тоа што знаеме кој е фаворит на хартија, не секогаш фаворитите ги добиваат натпреварите, а ние сме тука да им ги „поматиме сметките“, изјави Ашадонов.

„Ќе се потрудиме да го дадеме својот максимум во нападот и одбраната. Се надевам дека ќе не очекуваат квалитетни и интересни натпревари па нека победи подобриот“, вели капитенката на Вардар.

Се вчитува...