„Ѕверска“ партија на Јанис, Бостон ја уништи Филаделфија (ВИДЕО)

Милвоки Бакс стигна до триумф на домашен терен над Индијана Пејсерс од 128-119. Повторно прво име во таборот на Бакс беше неверојатниот Јанис Адетокумбо.

Грчкиот репрезентативец натпреварот го заврши со 50 поени, надополнети со 14 скока и четири асистенции. Кај поразените одличен меч имаше новата аквизиција од Сакраменто Кингс, Бади Хилд кој на крајот заврши со 36 поени.

Бостон Селтикс изненадувачки стигна до убедлива победа на гостувањето кај Филаделфија 76 од 87-135. Џејлен Браун со 29 и Џејсон Тејтум со 28 поени беа најдобри поединци кај победникот, додека кај поразените Ембид заврши со 19 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Атланта – Кливленд 124-116, Мајами – Далас 99-107, Минесота – Шарлот 126-120, Њу Орлеанс – Мемфис 109-121 и Феникс – ЛА Клиперс 103-96.

Се вчитува...