Штафетата на Шведска го освои златниот медал во бијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година.
Швеѓанките во состав Поромаа, Свенсон, Хана Оберг и Елвира Оберг делнцата од 4х6 километри ја поминаа за време од 1:08.21 час. Сребрениот медал и припадна на руската штафета во состав Казакевич, Резцова, Миронова и Нигматулина, додека со бронза се закитија Германките (Фојт, Хинц, Пројс и Херман).
Првите фаворитки, Норвежаните на крајот завршија само како четврти, поради очајната втора замена на Тирил Екоф која отиде во два казнени круга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА