Дејан Тантуровски (29), екс фудбалерот на Работнички, Силекс, Македонија ЃП и Металург кој имаше и интернационална кариера играјќи за Орашје во БИХ, се решил да стави крај на кариерата. Откако остана без клуб зимава, напаѓачот одлучил повеќе да не се занимава со професионален фудбал.
Тантуровски играше за младинците на Металург, по што замина во БИХ, а од 2017 година повторно е во Македонија.
Лани со Силекс го освои трофејот во Купот на Македонија, а потоа откако испаднаа кратовци, се реши да му се приклучи на тимот на „романтичарите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА