Ракометниот шампион на Македонија вечерва против Монпелје ќе го одигра првиот натпревар во Лигата на шампионите во 2022 година како дел од 11. коло во А групата од елитното натпреварување.
„Црвено-црните“ ќе имаат тешка задача на гостувањето кај лидерот во групата, а на овој меч новиот тренер Давид Дејвис нема да може да смета на Анте Гаџа и Борко Ристовски, како и на Марко Мишевски. На нивно место во ростерот добија шанса Стефан Крстевски и Мартин Карапалевски.
Натпреварот меѓу Монпелје и Вардар е закажан за во 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА