Македонскиот интернационалец Енис Барди и неговиот Леванте стигнаа до сензационална победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид од 0-1 во заостанатиот натпревар од 21. коло во шпанската Ла лига.
И повторно како и минатата година се покажа дека „душекчиите“ не знаат да играат против клубот од Валенсија, кој очиглено иако се мачи цела сезона, знае како се доаѓа до полн плен против актуелниот шпански шампион.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 54. минута кога Мелеро постигна гол вреден три бода за Леванте. Енис Барди го стартуваше и овој натпревар и ги помина сите деведесет минути на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА