Гизин го одбрани златото, Шифрин не ја заврши трката ниту во комбинација

Швајцарката Мишел Гизин стигна до златниот медал во последното индивидуално натпреварување во алпаско скијање на Зимските игри во Пекинг 2022 година, алпската комбинација.

Швајцарката до златниот медал стигна со вкупно време од 2:25.67 минути што беше за 1.05 секунда подобро од нејзината сонародничка, Венди Холденер. Бронзениот медал го освои Италијанката, Федерика Брињоне со заостанување од 1.85 зад времето на златната Гизин која ја одбрани титулата од игрите во Пјонгчанг во 2018 година.

Кошмарните игри за фаворитката Микаела Шифрин завршија со ново разочарување. Првата фаворитка за освојување на златниот медал не успеа да ја заврши слаломската трка ниту во денешната комбинација и со тоа остана без медал на игрите во Пекинг.

Се вчитува...