Иднината на Карло Анчелоти во Реал Мадрид е доведена под сериозен знак прашалник. Претседателот Флорентино Перез е разочаран од начинот на кој Реал Мадрид го одигра дуелот со ПСЖ во Лигата на шампиони и не го гледа Анчелоти како човек што може да ги доведе во нова ера.
Според „Спорт“, дефанзивниот пристап во Париз го натерал Перез да размислува за наследникот на Анчелоти и тренерот кој ќе треба да го гради новиот Реал предводен од Килијан Мбапе, за кого се смета дека сигурно ќе пристигне во Мадрид.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, се најсериозни кандидати да го наследат Италијанецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА