Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и успеа да издвојува убедлива победа со 3:0.
Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, одиграа многу подобар меч од првата контролна пресмета, успеаа да го скршат отпорот на селекцијата на Малта во вториот дел, постигнувајќи три гола за сосема заслужена победа.
Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи прилика од контра. Нашите фудбалери немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, биеше од далечина, меѓутоа непрецизно.
Во продолжението одигравме одлично, решително и со поголема мотивација. Никола Величковски погоди за 1:0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2:0. Конечните 3:0 беа дело на Умерфарук Сулејман.
Првиот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.
Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи;
Резерви: Диел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;
Селектор: Тони Јакимоски;
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА